Раководител на Технички Проекти (Индустриски Операции)
Job Description:
Раководител на Технички Проекти (Индустриски Операции)
За потребите на реномирана и стабилна компанија, бараме искусен и високо мотивиран Раководител на технички проекти, кој ќе раководи, координира и надгледува проектни активности поврзани со индустриски процеси, инфраструктура и технички системи.
Позицијата има клучна улога во успешно планирање, реализација и следење на инвестициони (Capex) и оперативни проекти, како и во развој на технички решенија, подобрување на оперативната сигурност и обезбедување усогласеност со сите релевантни безбедносни, еколошки и индустриски стандарди.
Задачи и одговорности:
- Раководи и координира со проектни активности во рамки на технички и оперативни системи
- Подготвува идејни решенија и проектна документација за одобрување и имплементација
- Координира инвестициони (Capex) проекти поврзани со техничка инфраструктура и опрема
- Учествува во подготовка и техничка евалуација на тендерска документација
- Обезбедува ефективна комуникација и соработка со интерни сектори, надворешни компании и релевантни институции
- Врши анализа на техничка документација и дава стручни препораки за реконструкција и оптимизација на процеси
- Учествува во планирање и подготовка на активности за планирани и непланирани ремонти
- Учествува во процесите на одржување на постојна опрема и избор на нова опрема
- Соработува во изработка на нови проекти, технички студии и унапредување на процеси
- Подготвува извештаи за напредок на проекти и оперативни активности
- Извршува и други задачи во рамки на својата професионална квалификација
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома од областа на технологија, машинство, електротехника или сродна техничка област
- Познавање на CAD софтвер, Microsoft Office и активно познавање на англиски јазик
- Поседување лиценци од категорија А за проектирање, изведба и/или надзор ќе се смета за предност
- Минимум 10 години релевантно професионално искуство во индустриски постројки, инженерство, проектен менаџмент или градежен надзор
- Искуство во работа со комплексни технички системи ќе се смета за предност
- Искуство во водење мултидисциплинарни технички тимови ќе се смета за предност
- Поседување важечка возачка дозвола
Потребни вештини и компетенции:
- Силни организациски, аналитички и комуникациски вештини
- Стратешко размислување и способност за носење одлуки
- Иницијативност и проактивност
- Способност за решавање проблеми и управување со повеќе приоритети
- Високо ниво на одговорност, интегритет и доверливост
- Подготвеност за работа во динамична техничка средина и на терен, кога тоа го бара природата на работата
Компанијата нуди:
- Работа на комплексни и значајни технички проекти
- Професионална и стабилна работна средина
- Соработка со искусни технички и инженерски тимови
- Можности за континуиран професионален развој и напредување