Магационер

  • Скопје, Македонија
  • Full-Time
  • On-Site

Job Description:

Natusana е водечки велепродажен дистрибутер на фармацевтски производи во Република Македонија, кој нуди широк асортиман на производи за здравје, лична нега и козметика. 

Водени од визијата да обезбедиме сигурни, безбедни и висококвалитетни производи кои го подобруваат квалитетот на животот и градат здрави навики кај нашите потрошувачи веќе повеќе од две децении носиме производи со врвен квалитет во секој дом и сме официјален застапник на врвните германски брендови како Lacalut, Dr. Theiss, Algga San и Pharmateiss Cosmetics.

Со постојано проширување на мрежата, како и со зголемениот обем на работа, бараме одговорен Магационер кој ќе се приклучи на тимот и ќе придонесе за непречено и уредно функционирање на магацинското работење.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Прием на стока — Проверка и евидентирање на пристигната стока, споредба со добавни документи и контрола на количини и состојба на пакување.
  • Складирање и организација — Правилно сместување на производите во магацинот според утврдени стандарди, одржување на ред и чистота во просторот.
  • Испорака и комисионирање — Подготовка на нарачки за продавниците, пакување и испраќање на стока со уредна документација.
  • Евиденција и инвентар — Водење на магацинска евиденција, учество во периодични инвентури и пријавување на евентуални неусогласувања.

ШТО БАРАМЕ

  • Завршено средно образование
  • Претходно искуство во магацин — предност
  • Одговорност и точност во работата
  • Тимски дух и комуникативност
  • Познавање на компјутерска работа
  • Возачка дозвола (Б категорија) — предност

ШТО НУДИМЕ

  • Конкурентна плата
  • Стабилно вработување со постојан договор
  • Можност за напредок и награди од успешност и постигнати резултати
  • Пријатна работна атмосфера
  • Обука и воведување

Сите апликации се третираат со целосна доверливост. The HeadHunter Group обезбедува еднакви можности без оглед на пол, возраст, националност, вера или кое било друго лично својство.